А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се сретнаа Џафери и високиот комесар за малцински прашања на ОБСЕ

by А1он04/04/2019 - 15:24289
Share0

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со високиот комесар за малцински прашања на ОБСЕ Ламберто Заниер, кој престојува во посета на нашата држава.

Добивај вести на вибер

Џафери истакнал дека улогата на ОБСЕ е високо ценета во нашата држава во насока на развој на демократските процеси и на унапредување на меѓуетничките односи.

Заниер бил запознат со актуелната застапеност на претставниците од сите етнички заедници во парламентарниот состав, како и со законското решение со кое заедниците кои не се застапени во Собранието, имаат свој претставник во Комитетот за меѓуетнички односи, на предлог на Омбудсманот.

Што се однесува до определбите од Охридскиот рамковен договор, Џафери информирал дека во март лани е донесен Законот за употреба на јазиците согласно кој е основана Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, а се очекува и основање на Инспекторат за употреба на јазикот.

Претседателот на Собранието изразил задоволство и од Резолуцијата за промени и подобрување на положбата на Ромите која веќе е во процедура.

Прес-службата на Собранието информираше дека Заниер високо ја оценил улогата на Собранието во ратификацијата на Договорот со Грција и ЕУ и НАТО перспективите и му честитал на Џафери за неговиот личен ангажман во постигнувањето на овие цели.

– Неговиот прв впечаток по пристигнувањето во Република Северна Македонија е дека има повисок степен на стабилност а по остварените средби со директорот на Агенцијата за примена на јазикот и Министерот за образование, констатира дека тие институции имаат стратешка улога за зајакнување на процесот на социјална интеграција. Неговите совети се да се гради одржлива политика со балансиран пристап.

Имајќи предвид дека ОБСЕ работи во многу земји на овие прашања, имаат и искуство и практики кои можат да ги споделат и со нас. Комесарот Заниер се интересираше и за новото Министерство за политички систем и за тоа дали тоа ќе повлече нова законска регулатива на што претседателот Џафери даде широко образложение за тоа како дојде до основање на оваа нова институција и дека новина за разлика од претходните две институции кои се редефинираат во ова тело е всушност извршната надлежност, се наведува во соопштението од собраниската прес- служба.

Соговорниците разговарале и за претстојните претседателски избори за кои искажале уверување дека ќе бидат фер и демократски.

dzaferiobsesredba

Би можело да ве интересира

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 11:0604/10/2025 - 12:07

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата

Катерина Ѓуровски29/09/2025 - 09:43

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Предраг Петровиќ25/04/2024 - 15:56

За Таравари утрешниот настан е седница, а не средба со Централното претседателство

Александар Тодески07/02/2024 - 13:54

Таравари ги викнал на средба членовите на Собранието на Алијанса пред седницата која ја свика Села

Александар Тодески07/02/2024 - 12:3207/02/2024 - 13:31

Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери и да избере нов спикер

Горан Наумовски26/01/2024 - 08:0726/01/2024 - 08:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен