Се спојуваат кавадаречката Општа болница и Здравствен дом Кавадарци

Од:

Се спојуваат кавадаречката Општа болница и Здравствен дом Кавадарци. Со владина одлука, од денеска овие две институции ќе функционираат како еден правен субјект, Јавна здравствена установа Општа болница, со проширена дејност.

Новиот правен субјект е регистриран и во Централен регистар и ќе функционира како поранешниот Медицински центар.

– Целта на ваквото здружување е пациентите да добијат квалитетна медицинска услуга, појаснува в.д директорот, д-р Диме Коцев.

Службата за итна медицинска помош, лабораторијата, превентивната детска стоматологија, продолживаат да функционираат како и досега. Пациентите, нагласува, нема да почувствуваат никаква промена, освен што ќе добијат поквалитетна медицинска услуга.

– Со оваа формално правна промена се врши рационализација на трошоците, кадровска екипираност, повеќе медицинска опрема, а се со цел да се зголеми нивото на здравствена заштита и медицината да се приближи до граѓаните. Сите вработени остануваат на работа, нагласува Коцев.

Се очекува ова здружување да донесе и позитивни ефекти во работењето на јавното здравство во Кавадарци, како регионален медицински центар.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење