Се регулира и уредува Зрновска река

Од:

Со цел да се спречи излевање на реката Зрновка, општина Зрновци почна со изградба на втората фаза за регулација и уредување на коритото на Зрновска река, проект кој општината го реализира со финансиска поддршка од ИПА програмата.

– Со реализација овој проект и регулација на реката во должина од 463 местри ќе се придонсе во многу за заштитата на објектите во близина на речното корито. Средствата за изградба на речното корито се обезбедени од ИПА грантот за развој на руралните средини и се во висина од 10,7 милиони денари, изјави градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.

Речното корито на Зрновска река се очекува да биде комплетно завршено за два месеци, а со реализација на овој проект ќе се подобри изгледот во центарот на населеното место Зрновци.

Би можело да ве интересира

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Загина 17-годишен мотоциклист од Зрновци

Жарко Настоски

Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци

Ана Ололовска

Дезинфекција на јавните површини и дворовите во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Ана Ололовска

Три проекти се реализираат во Карбинци и Зрновци преку Програмата за рамномерен регионален развој

Драган Поповски

Пендаровски во Зрновци: Ја отворивме вратата кон деморатскиот свет, да продолжиме заедно напред, за младите да останат тука