Во Врховниот суд на јавна седница се разгледуваат жалбите за шестмината осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро.
Јавната седница до сега два пати беше одложена, еднаш поради отстуство на адвокатот Насер Рауфи, а вториот пат по барање на адвокатот Асмир Алиспаиќ.
Обвинителката на Републичкото јавно обвинителство, Љиљана Спасовска, побара од Врховниот суд пред да биде закажана новата седница, да ги прибави новите докази кои според неа се наоѓаат во Специјалното јавно обвинителство.
По барање на адвокатите на осудените, СЈО го презеде случајот „Монструм“ и започна предизборна постапка.
Александар Наќевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски и Борче Стефковски пред пет години под сомнителни околности беа убиени на Велики четврток.