Се интензивира градбата на детската градинка во Зрновци

Од:

Градежна механизација на компанијата „Актива“ од Штип засилено работи на изградбата на детската градинка во населеното место Зрновци,во истоимената општина. Градинката ќе се простира на површина од 420 метри квадратни и ќе располага со капацитет од 80 деца во јасли и градинка.

– Градинката е повеќе од посакувана за населението во општината, бидејки во овој момент над 30 деца од Зрновци посетуваат градинка во Кочани. Вредноста на градинката изнесува 230 илјади евра, кои се обезбедени од ИПА програмата преку фондот за развој на руралните средини, Министерството за финансии и општина Зрновци, изјави градоначалникот Блаже Станков.

Според Станков, градинката се очекува да биде готова до крајот на мај. Опремата, што ја обезбедува Министерството за труд и социјална политика, веќе е обезбедена.

Би можело да ве интересира

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Загина 17-годишен мотоциклист од Зрновци

Жарко Настоски

Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци

Ана Ололовска

Дезинфекција на јавните површини и дворовите во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Ана Ололовска

Три проекти се реализираат во Карбинци и Зрновци преку Програмата за рамномерен регионален развој

Драган Поповски

Пендаровски во Зрновци: Ја отворивме вратата кон деморатскиот свет, да продолжиме заедно напред, за младите да останат тука