СЕ алармира за рестриктивните измени во Изборниот закон за медиумите

Од:

Советот на Европа вчера на својата платформа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите објави јавно предупредување за измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои можат да имаат негативно влијание врз слободата на медиумите во Македонија.

Во предупредувањето, како што соопшти ЗНМ, стои дека македонската држава е изворот на ваквото загрозување на слободата на медиумите.

Ова предупредување следи по барање на ЗНМ до платформата на СЕ, која во нејзината реакција се повикува на заедничкото соопштение на ЗНМ, Независниот синдикат на новинари и Советот за етика.

– Измените на Изборниот законик беа усвоени на 25 јули 2018 година од страна на македонскиот Парламент во брза постапка, како резултат на политичкиот договор меѓу водачите на четирите главни политички партии. Еден од амандманите на Изборниот законик ја овластува Државната изборна комисија да ги регистрира и следи известувањето на онлајн медиумите за време на изборите. Покрај тоа, членот 181а од законот предвидува казни до 4.000 евра за традиционалните и онлајн медиумите за „неизбалансирано или непристрасно известување”, стои во предупредувањето на платформата на СЕ.

Предупредувањето е упатено до Собранието на Македонија, кој во наредниот период има обврска да ги објасни овие измени кои што ја ограничуваат слободата на медиумите.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%