СДСМ: За само осум месеци, граѓаните се доведени до раб на финансиска издржливост

Од:

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот на цените бележи нов раст од 5,2%. Овој алармантен податок уште еднаш потврдува дека земјата се наоѓа во длабока економска криза, предизвикана од неспособноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, велат од СДСМ.

„За само осум месеци, граѓаните се доведени до раб на финансиска издржливост. Цените на основните прехранбени производи и услугите растат без контрола, сметките за електрична енергија се зголемуваат, парното е поскапо, а платите стагнираат. Домаќинствата секојдневно се борат со зголемени трошоци, а Владата нема ниту стратегија, ниту план како да се справи со овој хаос.

СДСМ предупредува дека оваа состојба е неодржлива. Потребни се итни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилизирање на економијата. Затоа, уште еднаш повикуваме на усвојување на пакетот мерки кои СДСМ ги предлага и кои можат веднаш да донесат олеснување.

Мерките предвидуваат намалување на ДДВ за електрична енергија и основни прехранбени производи, што ќе ги намали трошоците за домаќинствата и компаниите. Дополнително, замрзнување на цените и маржите на прехранбените производи ќе ја спречи понатамошната инфлација и ќе обезбеди стабилност на пазарот. Истовремено, со спроведување на законот за нефер трговски практики ќе се заштити куповната моќ на граѓаните, а со намалување на цената на „зелениот картон“ ќе се намалат трошоците за сите возачи.

СДСМ предлага зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите, што ќе значи подобри приходи за 350.000 граѓани и поголема економска сигурност.

Секој ден одложување е дополнителен товар за граѓаните и нивните семејства. Владата предводена од Мицкоски мора да престане да биде нем набљудувач на економскиот хаос кој го создаде и да преземе конкретни чекори за справување со кризата. СДСМ останува на страната на граѓаните, подготвен да се бори за решенија кои ќе донесат стабилност, сигурност и подобар живот за сите“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он