СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува каде што застана пред четири години со уништување на Охрид и Охрдиското Езеро

Од:

Од СДСМ преку соопштение велат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да си ја покажува својата лицемерност.

„Нивната голема грижа за Охридското езеро, за статусот во УНЕСКО како заштитено природно и културно наследство, критиките, само месец дена по изборите ја пуштија низ вода и почнаа постапка за повторно издавање на плажите под концесии.

Градоначалникот на Охрид заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро.

Тој само продолжува каде што ВМРО-ДПМНЕ застана пред четири години во уништувањето на македонскиот бисер, ним воопшто не им е грижа за препораките од УНЕСКО, ниту за Планот за управување со светското природно и културно наследство.

Централната и локалната власт предводена од СДСМ во изминатите четири години со изградбата на колекторскиот систем, планот за управување со Охрид, чистењето на плажите, успеа да санира дел од штетите направени со децениската негрижа, злоупотреби и мегаломанство на ВМРО-ДПМНЕ.

А, сега кога ВМРО-ДПМНЕ стана локална власт во Охрид, си ја покажа дволичноста, заборави на УНЕСКО, на заштитата на Охридското езеро, покажа дека ги изигра граѓаните и нивната доверба“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ