СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави хаос во здравството

Од:

СДСМ смета дека обвинувањата ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во здравството се лицемерни и оти преку нив партијата очајнички се обидува да профитира врз несреќите на граѓаните и се обидува да го прикрие хаосот што го оставила во здравствениот систем.

– Преку 11-годишното коруптивно и криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ го погази достоинството на лекарите и пациентите и направи хаос во здравствениот систем, а здравството во Македонија го направи едно од најсмртоносните во Европа, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Во неа се додава дека Владата предводена од СДСМ го менува таквиот однос кон здравството и преку посветена работа ги санира штетите во здравството и гo унапредува здравствениот систем во интерес пациентите, лекарите и медицинскиот персонал.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%