СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се избори за повисоки плати и пензии, со СДСМ платите растат многу побрзо

Од:

„Нема поголемо лицемерие од тоа Христијан Мицкоски да тврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе се изборела за повисоки плати и пензии.

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да ги зголеми платите и пензиите на граѓаните, но наместо тоа се посвети на криминални тендери и лично богатење.

ВМРО-ДПМНЕ со години ги држеше платите замрзнати, тврдеше дека не е можно покажување на минималната плата, пензионерите редовно ги манипулираше, а реедовното усогласување на пензиите го правеше надвор од законот.

И во опозиција ВМРО-ДПМНЕ ги застапува само партиските интереси, а не интересите на граѓаните бидејќи се противеше на се што значи повеќе пари кај граѓаните“, велат од СДСМ.

„СДСМ ја зголеми минималната плата од срамните 9.000 денари во 2017 година на 14.500.

Просечната плата за 2,5 години е зголемена за скоро 3.000 денари од 22.889 во мај 2017 на 25.726 денари вооктомври 2019 година

Од идниот месец над 320.000 пензионери ќе земат за 700 денари повисока пензија.

Оваа сума ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари.

ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат си го покажа вистинското лице кога гласаше против буџетот за 2020 година со кој ќе продолжат да растат платите, уште повеќе пари да се вратат назад кај граѓаните и да се унапреди животниот стандард на се повеќе граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ ниту се борело ниту ќе се бори за повисоки плати и пензии. Во белиот дворец се борат само за обнова на режимот но тој план нема да им успее.

На 12 април граѓаните ќе порачаат-режим никогаш повеќе и ќе потврдат дека сакаат развој и иднина со СДСМ

На 12 април, граѓаните ќе одберат да продолжи напредокот со СДСМ, да продолжи враќањето на парите кај граѓаните, повисоки плати, пензии, подобри услови, пониски трошоци“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела