СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислува конструкции за ЈП Градски паркинг за да ја сокрие неспособноста на Арсовска

Од:

Од СДСМ преку соопштение до јавноста реагираат на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

„Ниту една конструкција од Белиот дворец не може да ја покрие неспособноста на Данела Арсовска и нејзиниот штетно дејствување по Градот Скопје и неговите граѓани.

Арсовска не знае да менаџира со Градот и јавните претпријатија шпод негова надлежност, затоа ВМРО-ДПМНЕ секојдневно има потреба да измислува конструкции со кои се обидува да ја покрие нејзината неспособност.

За тоа како работел ЈП Градски паркинг со претходната градска администрација говори фактот дека ова претпријатие 2021 година ја завршило со вишок средства односно профит од над 27 милиони денари.

Наместо да се зафатат со работа, Арсовска и градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ измислуваат конструкции, ги партизираат општините, трошат народни пари на чоколади и дејствуваат на штета на интересите на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус