Стоилковски: Даваме рок од 24 часа Демократскиот сојуз да одговори за бесплатниот паркинг на функционери на власта, во спротивно ќе ги објавиме целосните списоци

Од:

Oбјавуваме скандал којшто покажува зошто власта е одлепена од реалноста, но и зошто Демократскиот Сојуз е верен партнер на власта на СДСМ – ДУИ рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– ЈП Паркинзи било претворено во своевиден штаб на Демократскиот Сојуз, со тоа што службени возила, телефони и простории биле на дофат на партијата. Сето тоа наведува на сомнителни криминогени зделки. Директори, министри, функционери, разни раководни кадри со години паркирале бесплатно низ Скопје, Јавно прашувам, дали на име на Борче Јакимовски доскорешен директор на претпријатието и член на претседателството на Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов, од плаќање паркинг ослободувал автомобили на функционери на СДСМ, од ДУИ, како и од Демократскиот Сојуз? Дали на име на Владимир Кроневски, член на претседателството на Демократскиот Сојуз, воедно помошник директор на јавното претпријатие, од плаќања се ослободувани стотина автомобили на функционери од власта. Дали и по кој основ од плаќање се ослободени возила да речеме на советникот и шеф на канцеларијата на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на водовод Душко Вескоски ослободено возилото од плаќање, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, па и поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин и неговото возило, како и други функционери од СДСМ, вели Стоилковски.

Тој порача дека Демократскиот Сојуз и поранешното раковдство на ЈП Паркинзи имаат 24 часа да одговрат. Доколку молчат вели Стоилковски ќе ги објавиме списоците со сите регистарски таблички за привилегираните функционери, ослободени од плаќање паркинг во Скопје, а коишто до нас ги достави укажувач.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%

Митрески: Бидејќи секој наш предлог се одбива, СДСМ поднесе 12 закони од изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата