СДСМ: Скопје е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не работат ништо

Од:

„Град Скопје е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка, не работат ништо во главниот град, кој тоне во бесперспективност поради неспособноста и кавгите меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. Наместо реализација на решенија за подобар живот на Скопјани, не се реализираат ниту наследените проекти“, соопшти СДСМ.

„Универзална сала стои со реконструкцијата, нема ни нови, ни еколошки автобуси, јавниот превоз функционира половично, па дури се случи скопјани да немаат јавен автобуски превоз.

Улицата Есенинова, клучката кај Момин поток, мостот на булевар АСНОМ се дел од наследените проекти кои намерно се уште не се реализираат иако а нив има обезбедно средства.

Градот е нечист, загаден, далеку од ветеното модерно Скопје, а ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не работат ништо, освен што се караат за рацете во медот, за тендери и влијанија.

Ретко кој од гласачите на Арсовска денес е задоволен со својата одлука од минатите избори.

Арсовска беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги повикуваше граѓаните да гласаат за неа, како за најдобра менаџерка, во Белата палата заедно ја славеа победата.

А заедно со Мицкоски го претворија Скопје во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат основните функции за граѓаните.

Скопјани не заслужуваат ваква градска власт, која не се грижи за нивните интереси, туку знае само за неработење, навреди и клевети, кавги за тендери и бизнис влијанија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат