СДСМ: Рамадани не избегал туку е ослободен од лица во МВР и институциите, ОЈО мора да лоцира одговорност

Од:

Власта на ВМРО-ДПМНЕ е фатена жива во мега скандал со злоупотреба на државната граница, државните институции и серија прекршувања на законите. Се докажа дека не станува збор за бегство на Блерим Рамадани, туку организирано ослободување и пренесување на Косово од страна на високи функционери на МВР и други институции, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

ОЈО не смее да молчи и мора итно да соопшти дека започнува истрага. Доколку ОЈО ова не го направи во најкус рок, ќе сметаме дека застанува на страна на МВР и го прикрива овој скандал. Што чека ОЈО, треба веднаш да реагира и за тоа да ја информира јавноста. Прашуваме, дали се штитат нарачателите на оваа партиско-полициска операција?

Христијан Мицкоски вчера во скандалозна изјава, наместо да побара одговорност и внатрешна истрага за случајот, тој тврдеше дека СДСМ шири лаги. Го прашуваме, како Мицкоски без истрага и без ниедна информација од МВР за тоа како избегал Рамадани, тврди дека СДСМ лаже?

Ова не значи ништо друго освен негов очаен обид да го забошоти случајот. Сите индиции укажуваат дека реализацијата на оваа партиско полициска шема за пуштање на Рамадани на Косово е политички договор кој Мицкоски морал да го исполни.

Доколку не се спроведе целосна, темелна и независна истрага, ќе биде јасно дека и власта и обвинителството решите да го штитат МВР и Тошковски од одговорност, да ги штитат сите останати инволвирани во овој случај, сосе нарачателите и наредбодавачите.

Министерот Тошковски треба да поднесе оставка и да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово, почнувајќи од Наим Рамука. Само така ќе има услови за независна истрага без притисоци.

Бараме декласификација и објавување на снимките од граничниот премин Блаце веднаш. Нека видат граѓаните која е вистината, кој е шериф на раницата.

ОЈО и истражните органи, многу лесно може да ги проверат преку камерите и преку граничниот систем за контрола на патници, посочи Кузеска.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра