СДСМ: Преку злоупотреби, деструкција и насилство, ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше на богатење на поединци на сметка на граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Штетите од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно излегуваат на површина. Пропустите на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, презадолженоста на училишта и болници, неспособноста да се исполнат обврските од УЕФА, вртоглaво високите хонорари за партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ, се само дел од проблемите што зад себе ги остави неспособното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Лагите и манипулациите што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги изнесува, нема да ги спасат од одговорност за предизвиканите штети врз граѓаните и државата. Брзањето да се земат огромни провизии, да се реализираат наместени тендери, како оној за молерофарбарски услуги доделен на фирма сопственост на братот на пратеникот Крсто Мукоски и алчноста за лично богатење на сметка на граѓаните, резултираа со дополнителни штети врз Буџетот и со нарушување на угледот на Република Македонија.

Секое делување на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години беше во функција на богатење на раководството на партијата преку злоупотреби, деструкција и насилство, на сметка на граѓаните и нивните интереси.

СДСМ, преку Владата што ја предводи ги поправа штетите предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ и започнува со спроведување реформи што носат добро за сите. Започнува процес на професионализам, отчетност и чесност, но и процес на враќање на правото и правната држава. Ќе има одговорност за секоја докажана злоупотреба на парите на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски