СДСМ: Пратениците во македонското собрание да го поддржат членството во ЕУ

Од:

Пратениците од сите пратенички групи имаат одговорност пред граѓаните, наместо со блокади и деструкции, преку аргументи и конструктивност да дадат придонес при усвојувањето на заклучоците околу предлогот на француското претседателство велат од СДСМ.

– Преку заклучоците, дополнително ќе се обврзе Владата актуелната но и секој идна Влада, да ги зачува црвените линии во согласност со Декларацијата донесена во Собранието,а тоа е зачувувањето на македонскиот јазик, без фусноти, додавки како и македонскиот идентитет и посебноста на државата кои не смеат да бидат дел од преговарачката рамка. Членството во Европската унија е стратешка цел на државата, пратениците во Собранието преку усвојувањето на заклучоците имаат шанса пред целата домашна и меѓународна јавност да докажат дали се навистина за интеграција во ЕУ или побитно им е да одработуваат за нечии туѓи интереси се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“