СДСМ: Не успеа блокадата на Мицкоски

Од:

Пропаднаа обидите за блокада на Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски. Дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работа и покрај тоа што два дена се потрошија на нивните бесмислени предлози велат од СДСМ.

– Во време на најголема светска економска и енергетска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заради лични интереси на Мицкоски го блокираат Собранието наместо да работат за граѓаните кои им дале доверба. СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ и сите законски решенија од интерес на граѓаните ќе бидат донесени. СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да нанесат штета врз граѓаните и државата. Во време на светска економска криза, Собранието мора да биде функционално, брзо и ефикасно да носи решенија кои значат помош за граѓаните и домашната економија порачуваат преку соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

Водата во Гостивар била загадена и во времето на Филипче, обвинија и премиерот и шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски