СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

Од:

Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово….По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење. Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Секој си ја тера својата приказна. Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето. Срам, велат од СДСМ.

– На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните. Ќе ја отрујат цела Македонија. Кој знае колку уште општини и градови се загадени, а ние сè уште не знаеме?
Министерот за полиција Тошковски се занимава со хиперхлорирање како да работи во водовод. Мицкоски ветува едно. Клековски не презема одговорност. Епидемија на жолтица е во тек. Сè уште нема одговорни. Никој не ставил потпис. Никој не ставил печат. Никој не гарантира со своето име и презиме. Не сакаат да кажат која институција и кое лице дало дозвола за користење на техничката вода во Гостивар. Нема анализи. Нема одговорно лице. Нема име и презиме. Само лаги, измами и префрлање одговорност. Ова повеќе не е криза со вода. Ова е системско труење на државата, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик