СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Од:

СДСМ побара итно повлекување на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека со него се отвора простор за трошење на јавни средства без примена на Законот за јавни набавки.

На прес-конференција, пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека иако законот денеска бил повлечен од предложениот дневен ред на Собранието, тој останува во собраниска процедура и може повторно да се најде пред пратениците на некоја од следните седници.

Според неа, по добивањето на титулата „Европска престолнина на културата“ во септември 2023 година бил воспоставен систем за функционирање и управување со проектот, но со промената на власта во 2024 година целиот процес запрел.

Костадиновска Стојчевска обвини дека власта се обидува преку нов закон да овозможи трошење на околу 21 милион евра јавни средства без спроведување на постапки за јавни набавки, преку формирање фондација која би го реализирала проектот.

„Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци. СДСМ и коалицијата бараат итно повлекување на овој криминален закон кој значи легализација на корупција. Никој нема право да биде над Законот за јавните набавки, особено кога станува збор за десетици милиони евра пари на граѓаните“, изјави таа.

Таа додаде и дека, според СДСМ, во предложеното законско решение не се препознаени ниту вистински вклучени уметниците кои придонеле Скопје да ја добие титулата „Европска престолнина на културата 2028“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски