СДСМ: Не може да има пари за луксузирање на власта, а да нема за минимална плата за работниците

Од:

Владата на Христијан Мицкоски се луксузира на грбот на народот, изнајмува приватни авиони, нарачува егзотични овошја, додека за работниците, кои едвај врзуваат крај со крај, власта вели дека нема пари, велат од СДСМ.

– Мицкоски ги понижува работниците. За владата има луксузни овошја, луксузни патувања, луксузни возила додека работниците не можат леб, јајца, млеко и месо да обезбедат за своите семејства преку цел месец. Не може да има пари за авиони, папаја и манго за владата а да нема пари за поголеми плати за работниците. Животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените се покачени, за да се покрие основната синдикална кошничка се потребни веќе 3 минимални плати. Најмалку што заслужуваат работниците е фер минимална плата од 500 евра за достоинствен живот, но оваа власт дури и тоа го доведува во прашање. Парите од буџетот мора да бидат наменети за граѓаните. Што им е работа на министрите и на премиерот освен да најдат пари за поголеми плати на работниците? Па имаат историски најголем буџет од 6 милијарди евра како може да нема за работниците? Наместо расипничко трошење, власта треба да обезбеди пари за зголемување на минималната плата, подобрување на условите за работа и унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски