СДСМ на локалните избори ќе прави коалиции во секоја општина посебно

Од:

СДСМ на локалните избори во октомври ќе прави коалиции во секоја општина посебно, најави лидерот на партијата Венко Филипче. Тоа, како што посочи на денешната прес-конференција во седиштето на партијата, не ја исклучува можноста од коалицирање со ниту една партија, граѓанска организација или независна листа и дека ќе се разговара за опциите.

– Ќе го кажам ставот што се уште не е потврден, но сите дискусии одат натаму во рамки на раководството, пратеничката група, Централниот и Извршниот одбор, а тоа е дека на овие локални избори СДСМ ќе прави коалиција за секоја општина посебно, изјави Филипче.

Прашан дали тоа значи дека е можна коалиција со ДУИ во одредени општини, Филипче рече „ќе видиме, ќе разговараме за опциите“, а во однос на можноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, рече дека тоа „е секогаш интересно прашање, кое зависи од многу фактори“ и за тоа може да се зборува поконкретно во следните месеци.

– Водиме два паралелни внатрепартиски процеси. Првиот процес што ќе следи е избор на претседател на партијата. Мојот мандат завршува на 21 март и изборите се веќе закажани на 16 март. Паралелно на тоа, новите раководства во општинските организации работат на идентификување на имиња, внатрепартиски, но и можни други наши потенцијални коалициони кандидати од други партии или независни листи и граѓански организации, со кои што би разговарале да се поддржиме соодветно коалициски, рече Филипче.

Овој процес, според Филипче, треба да заврши кон крајот на март, за најдоцна во првата половина на април да ги имаат првичните сознанија од анкетите.

Би можело да ве интересира

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Болните и затворениците гласаат денеска пред утрешните повторени избори во четири општини

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар