СДСМ: Мицкоски не успеа да го заштити криминалот на режимот, правдата е тука, законите важат за сите подеднакво

Од:

„Белиот дворец е во паника по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“, бидејќи Мицкоски не успеа да го спаси и заштити криминалот на режимот.

Правдата е тука, законите важат за сите подеднакво, Мицкоски е поразен и од правдата и од граѓаните.

Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа изминатите недели Христијан Мицкоски, Александар Николоски, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ често биле во хотелот Мериот“, велат СДСМ.

„Граѓаните нека ценат зошто партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ се организираат токму во Мериот и дали тоа можеби е поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијалков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски е најповикан да одговори дали тогаш се среќавал и со Сашо Мијалков.

Но, правдата и силната реакција на институциите го спречија сценариото на Мицкоски, Груевски и Мијалков“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат