СДСМ: Мицкоски и Милошоски молчат и го потврдуваат нивниот непотизам

Од:

„Веќе трет ден во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за непотизмот во државата, молчат за вработувањата во државниот сектор на роднините на Христијан Мицкоски.

Молк и за вработените роднини на Антонио Милошоски, безмалку целото негово семејство е вработено во државни институции.

Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри.

Не се сите исти.

СДСМ одговорно и внимателно ја слуша јавноста, бара и наоѓа решенија за администрација по мерит систем. СДСМ повикува на етички и морални чекори и веќе има повлекувања.

Наместо да шири лажен морал, Мицкоски да го повика својот роднина да се повлече од ЕЛЕМ турс, да ги повика снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата.

Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски и Милошоски покажете дали имате образ, достоинство и интегритет?

Време е да почне повлекувањето на роднините на Мицкоски и Милошовски во име на борбата против непотизмот“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар