СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Од:

Правдата во државата се погребува – судството и обвинителството се ставаат под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, реагираат од СДСМ.

Го сменија јавниот обвинител за да инсталираат обвинител под своја контрола. Јавно, на телевизија, Мицкоски ја елиминираше независната кандидатка Ристовска, иако таа доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители. Мицкоски сам одлучува и си бира обвинител по свое.

Сопруга на градоначалник од ВМРО-ОКГ е назначена за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, портпаролката на Владата знае судски одлуки за незавршени предмети, а од собраниска говорница премиерот им дели задачи на обвинителите како да работат.

Паралелно, се води кампања за дискредитација на предметите на СЈО, со цел да се избрише одговорноста на нивните функционери.

Затоа нема никаква реакција за криминалните тендери што ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Поминаа повеќе од 80 дена од првата пријава до ДКСК, над 80 дена ништо, молк.

Нема реакција ниту од обвинителството, ниту од финансиската полиција.

Нема одговор за 161 тендер за семејна фирма на Томовски, за 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, за 74 тендери за „Ленди Груп“, за 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.

Сите молчат.

Истата матрица од времето на Никола Груевски, на кого му се спрема враќање во Македонија, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ