СДСМ: Граѓаните го отфрлаат груевизмот присутен во ВМРО ДПМНЕ

Од:

„Матрицата на груевизмот, што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, а државата ја држеше во изолација и неизвесност, се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се гледа и од начинот на делување но и од речникот на ВМРО-ДПМНЕ полн со црнила, крв, обесчестувања…мракови“, се вели во реакцијата на СДСМ испратена по повод прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Не е добро тоа што професорката Силјановска му се поклонува на таквиот начин на делување и таквиот речник на комуникација но тоа граѓаните го отфрлаат.

Од една страна се демократските и прогресивни сили во државата предводени од СДСМ кои работат на напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО.

Од друга страна се Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ со нивните црнила, против Договорот од Преспа, против иднина во ЕУ и НАТО.

Затоа, на престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат напредок и ќе ги поразат остатоците од груевизмот.

Граѓаните ќе изберат иднина, ќе го поддржат Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани“, стои во реакцијата на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема