СДСМ: ДПМНЕ создаде хаос во Скопје – да не дозволиме да стане исто и со државата

Од:

Скопје е пример како владее ДПМНЕ. Како што не ги исполнија ветувањата за проектите што ќе ги реализираат во Скопје, така и сега даваат лажни ветувања за претстојните избори. ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Скопје, создаде хаос во главниот град, велат од СДСМ.

– Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија потонати во долгови. Ветуваа бесплатен јавен превоз, па, за прв пат во историјата, ги оставија Скопјани без превоз. Ветените нови 250 нови автобуси, никаде ги нема, додека овие старите се проретчени и нередовни. Ветуваа мега паркови, а градот е нечист, депонии никнуваат насекаде. Со глас за СДСМ граѓаните нема да дозволат да стане исто со државата – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат