СДСМ бара БЕСА и ДПМНЕ да ја повлечат одлуката за уривање на крстот на Попова Шапка

Од:

СДСМ бара од коалицијата БЕСА и ДПМНЕ во општина Тетово да ја повлечат одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка вели пратеничката на СДСМ Фаница Николоска.

– Прво, затоа што на Попова Шапка станува збор за црковен имот и верско обележје (крст) во двор на манастир а не за објект. Второ, затоа што било какви провокации и дејствија може да предизвикаат тензии со сериозни последици, да подгреат раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните. Сите политички чинители, пред се коалициските партии БЕСА и ДПМНЕ во Советот на општина Тетово треба да работат за доброто на сите граѓани на Тетово. За жал она што го гледаме е дека БЕСА и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, соживотот и меѓусебното разбирање. Загрижува тоа што сите штетни одлуки на Касами во Тетово се поддржани од ДПМНЕ како коалициски партнер на БЕСА. Најважното место во Општината после Градоначалникот во Тетово е Секретарот, оваа позиција ја извршува Дарко Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ. Се сомневаме дека ова е дел од договорено сценарио на ДПМНЕ и БЕСА во предизборието, рече на прес конференција Николоска.

Вели, СДСМ ги повикува граѓаните на смиреност, да не подлегнуваат на провокациите на БЕСА и ДПМНЕ а институциите на будност и навремена реакција во рамки на надлежностите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Најстудено на Попова Шапка, а најмногу дожд во Тетово

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он