СДСМ: Антидржавната ВМРО-ДПМНЕ реди порази, заглавена во деструкции и лажни вести

Од:

„Антидржавната и антинародната ВМРО-ДПМНЕ на губитникот Христијан Мицкоски на својата листа порази додаде уште еден – неуспешната интерпелација за заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Но, со неа потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ за наводно создавање на ново парламентарно мнозинство. Тие едвај успеаја да соберат 53 пратеници за интерпелацијата на Димитров“, велат СДСМ.

„Како што им пропадна интерпелацијата за Димитров, ќе пропаднат интерпелациите за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Ни самите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не веруваат во тие интерпелации затоа што потпишани се само 14 пратеници од пратеничката група, а меѓу нив не ниту Гордана Силјановска Давкова која ги најави интерпелациите.

Наместо да биде конструктивна и да работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани интерпелации ја опструира работата на Собранието.

Граѓаните на шест последователни изборни соочувања се изјаснија дека им е доста од деструкциите и неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и затоа партијата од Белата палата, симболот на криминалот и корупцијата, уште долго ќе си остане во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат