Русковска: Притисокот за суспензија е од некој од поранешна влада

Од:

Обвинителката Вилма Русковска не сака да верува дека политичар или политика стои зад суспензијата и дисциплинската постапка, ама бара од новинарите тоа да го утврдат. Таа вели дека ова не го гледа како притисок од актуелната влада, а не сакаше да каже од која поради страв дека ќе и поднесат тужба за клевета. Себеси не се гледа во ликот на Катица Јанева, која исто така беше разрешена од функцијата во СЈО.

dobivaj vesti na viber

„Не се гледам во ликот на Картица Јанева. Не сум ја злоупотребила функцијата, немам намера да ја злоупотребувам, а не поготово, особено, за парични средства како што беше докажано. Не ја споредувам мојата судбина со истата. Сметам и повторно сакам да нагласам дека се што е преземено во предметите е согласно законите“, кажа Русковска.

Русковска не се гледа како републички обвинител, бидејќи тој се предлага од Владата.

„Не верувам дека ќе бидам нивни предлог“, кажа Русковска, па на прашање дали супспензијата и дисциплинската се притисок од Владата, таа додаде: „Од сегашната не е затоа што јас колку што се сеќавам, уште на старт имаше соопштение од нив дека ја поддржуваат борбата против корупцијата. Не доаѓа од оваа Влада, а ние сме имале други влади претходно“, додаде Русковска.

Таа кажа дека е поддржана од колеги од регионот кои и нуделе помош и поддршка, како и дека и се јавиле судии и обвинители, како и адвокати од Македонија.

„Не сум се чула со јавниот обивнител, воопшто. Во врска со повикот до меѓународната заедница, сакам да истакнам дека јас не очекував јавно да се вмешаат во работата на обвинителството и судот. Тоа беше повеќе до јавноста, дека немам што да кријам“, кажа Русковкса.

Најверојатно, нејзин заменик до в.д. шеф на обвинителството ќе биде Лиле Стефанова. Таа доаѓа од СЈО. Во неа, Русковска рече дека нема зошто да не и верува.
„Она е избрана од Советот на јавни обвинители во ОЈО-ГОКК. Доколку членовите на советот и дале доверба, нема зошто јас да немам доверба во неа. Во годишниот распоред ја ставив раководител во Одделението за гонење на лица со полициски овластувања, која е важна функција“, кажа Русковска.

„Јас искрено како обвинител не сакам да поверувам во такво нешто“, кажа Русковска на прашањето дали од политички причини е суспендирана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тупанчески за „војната“ Русковска-Муареми: Таму се случува нешто што не треба

Кристијан Ландов

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Пеливанов на местото на Русковска, додека таа е суспендирана

Кристијан Ландов

Русковска останува супспендирана, не убеди ниту еден член на Советот на јавни обвинители дека е во право

Кристијан Ландов

Русковска: Шпекулација е дека се подготвувало апсење на министер, требаше да се сослушуваат сведоци за случајот

Кристијан Ландов

Русковска џабе го „тресела“ Муареми, планирала и парично да го казни ама ја суспендираа

Кристијан Ландов