Русковска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Од:

Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за Радио слободна Европа.

– Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, посочува Русковска во интервјуто.

Потврди дека се истражува како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор, а во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје.

Русковска вели дека и случајот „Империја“ е во завршна фаза, а најавува и дека по истекот на мандатот нема да се кандидира повторно за прв човек на Обвинителството.

Во врска со истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, на прашањето дали се повикани сведоци на распит, Русковска вели дека тие не можат да повикаат сведоци, бидејќи не ја водат истрагата.

– Наш дел е само во јавната набавка, да се разгледа документацијата, да се анализира и потоа да се одлучи што понатаму. Ако има некоја одговорност, односно во делот ако е повреден Законот за јавни набавки или во делот, бидејќи посебен закон е донесен за набавка на овие модуларни болници или во тој дел ако е повреден тогаш ќе одлучиме кого ќе распитаме и кого ќе викнеме. Сето останато е во делот што го води Основното обвинителство во Тетово, вели таа.

Во однос на тоа доколку се утврди дека потписот на министерот за здравство Венко Филипче не фигурира, односно дека набавката одела преку Министерството за труд и социјална политика дали тогаш Филипче не би бил предмет на истрагата, Русковска вели да не се навлегува во шпекулации.

– Прво треба да ја видиме документацијата па евентуално ако сметаме дека нешто во делот на набавките не е во ред ќе се одлучува кој и дали ќе биде повикан, дали како сведок, дали како лице од кое се бараат потребни известувања затоа што тоа се ќе биде во предистражна постапка, истакна Русковска во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Рашковски, сопственикот на фирмата која ги продавала софтверите и ангажирани во Владата добија обвинение

Кристијан Ландов

Затворена истрагата за Рашковски, пред да му истече притворот се очекува обвинение

Кристијан Ландов

Врховниот суд ги одби жалбите на обвинетиот Драги Рашковски

А1он

Русковска: Обвинителството за организиран криминал е надлежно да ја испитува само набавката на модуларните болници

Сите притвореници со полиција, само Рашковски сам на лекар: Судот му кажал дека ако избега ќе оди во Шутка

МВР: Рашковски смее да излезе од дома само за на лекар, во точен период од денот

Катерина Павлова-Николовска