Русковска и натаму не е сигурна дека е нејзин гласот на снимката: Не е направена за време на спогодбите за „Империја“

Од:

Обвинителката Вилма Русковска и натаму не е сигурна дали на снимката, која излезе во јавност, се слуша нејзиниот глас. Но, за разлика од изјавата дадена пред неколку дена кога рече: „Не знам оваа снимка каква врска има со ‘Рекет’“, сега посочува дека можеби потекнува од тоа време. Иако „А1он“ дојде до информации дека снимката е направена во време додека течеле спогодбите за „Империја“, Русковска негира.

dobivaj vesti na viber

„Не, снимката е од времето кога се пријавуваше ‘Рекет’ (ако тоа е мојот глас)“, вели Русковска за „А1он“, но и натаму нема одговор кој ја снимал и зошто.

Таа не одговара дали разговорот го водела со Јордан Камчев. Молк и на прашањето зошто, ако разговорот е со бизнисменот, таа разговара за својот рејтинг, како и за рејтингот на Катица Јанева, но и за осомничено и притворено лицe за предметот „Организатори на 27 април“.

„Никогаш не сум рекла дека не се познаваме, сум рекла дека не сме биле пријатели, не сме комуницирале претходно, но ако се сретнеме, сме се поздравувале. Како може во Скопје некого да не знаеш“, додаде Русковска за „А1он“, без одговор дали со него е разговорот.

Пред пет дена Русковска за „А1он“ го изјави сосема спротивното во однос на тоа од кога датира снимката. Таа посочи: „Не знам оваа снимка каква врска има со предметот ‘Рекет’“.

Во неа се слуша разговор за рејтинзи и женски глас, кој, меѓу другото, вели: „Не го држев, два месеца го заборавив, го заборавив буквално… го заборавив намерно. Владимир Атанасовски го ставив во притвор и го заборавив два месеца, ха, ха“.

Снимката е објавена на „Твитер“ пред пет дена. Каналот на кој  е објавена е именуван како „Правда за сите во Македонија“.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против обвинителите кои беа дел од претресот минатиот месец

Ременски и врати на Русковска: Ве победив на суд, а писмото ви е за домашна употреба додека клеветнички го рушите угледот на државата

Кристијан Ландов

Здружението на јавните обвинители остро реагира на отвореното писмо од Вилма Русковска

Горан Наумовски

Русковска: Нема да дозволам Муареми да ми го валка образот!

Горан Наумовски

Муареми со кривична против Русковска, Трајчева и Јосифовска за незаконскиот претрес во финансиска полиција

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов