Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ и бара отштета од 10 илјади евра, ќе ги донира за СОС Детско село

Од:

Парите од тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ, ако ги добијам, ќе ги донирам за СОС Детското село, најави денеска шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Прво, нагласи таа, побарав извинување и повлекување на спотовите додека траеше предизборната камања.

– Тоа не се случи и од тие причини преку адовокат ја поднесов тужбата. Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, сакам да го донирам во СОС Детското село, изјави Русковска, одговарајќи на новинарски прашања за време на паузата на денешното судење за организаторите на „27 април“.

Преку тужба за клевета, Русковска бара 10 000 евра отштета од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи партијата, ги користела нејзините име и лик во предизборната кампања.

Би можело да ве интересира

Одбиена тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Искра Манојлоска

Денеска пресуда за тужбата за клевета на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Случај Русковска против ВМРО-ДПМНЕ: Изборните спотови „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“ презентирани во Граѓанскиот суд

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Русковска нема основа за тужба против партијата

Жарко Настоски

ВИДЕО: Анксиозност и душевна болка доживеала Русковска од спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со нејзиниот лик

Ландов

Русковска: Факт е дека Јанева примила пари

А1он