Русковска дојде наместо Трајчева на суд за да не се одложи рочиштето против Рашковски

Од:

Во првите десетина минути од почетокот на судењето одбраната на ексгенералниот секретар Драги Рашковски побара да се одложи рочиштето. Исто барање упати и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, бранител на Ивица Димитровски. Бидејќи Ивана Трајчева е со истечен мандат, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција нема доволно обвинители, на рочиштето како застапник на обвинението дојде шефицата Вилма Русковска.

„Мислам дека не се исполнети условите да се одржи главна расправа бидејќи од исходот по одлуката за издвојување докази зависи теоријата на случај на одбраната, но и на Јавното обвинителство. Тоа е секако релевантно за самиот почеток, како давањето на воведниот збор“, рече адвокатот на Рашковски.

На ваквото барање за трето по ред одлагање се придружи и адвокатката Јошевска-Анастасовска.

„За ова треба правосилна одлука за да пристапиме кон воведни говори, кои треба да ја одбележат траекторијата на одбраната, како и самото обвинение“, рече таа.

Но, судот ваквите барања ги одби.

„Советот го имаше предвид тој момент дека предметот беше на Апелација. Меѓутоа, го побара предметот со комплет списи да биде вратен бидејќи тоа не е пречка за постапување. Во секоја фаза од постапката може да бидат издвоени докази. Нема ограничување во законот. Во моментот се носи одлука за одбивање на предлогот како неоснован. Предлогот не се прифаќа за одлагање“, рече судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“