А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„Ројтерс“: Две опции за пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија

by А1он06/10/2019 - 17:3006/10/2019 - 17:561220
Share0

Германија предлага одвојување на Северна Македонија и Албанија во процесот на европска интеграција, како обид да се постигне компромис меѓу сите земји-членки на ЕУ на 15. октомври, кога ќе се носи одлука за датум за почеток на преговори за членство на овие земји, пренесува „Ројтерс“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Агенцијата наведува дека се можни две опции, едната е да се постават дополнителни услови пред почетокот на преговорите, а другата е да се одвојат Северна Македонија и Албанија.

Врз основа на планот, предложен оваа недела на министрите на 28. земји-членки на ЕУ кои кон средината на октомври треба да разговаараат за прашањето за доделување датум за преговори за Северна Македонија и Албанија, можен е компромис помеѓу оние што се обидуваат да го приближат Балканот кон Унијата и оние кои се спротивставуваат на тоа, како што се Франција, Холандија и Данска.

„Ројтерс“ потсетува дека Германија пред две недели гласаше за почеток на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија и Албанија, но со дополнителни услови за Тирана.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во нацрт заклучоците на Советот на министрите се сугерира Северна Македонија да ги започне преговорите до крајот на годинава, но не и Албанија.

Во нив се вели дека „со оглед на постигнатиот напредок, ЕУ одлучува да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија“, додавајќи дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи до крајот на 2019 година.

„Ројтерс“ додава дека иако во нацрт-заклучокот истата реченица ја имало и за Албанија, таа е сепак отстранета од последната верзија каде не се предвидува дата за прва меѓувладина конференција со Тирана.

Наместо тоа, се набројуваат неколку услови од областа на судството и борбата против корупцијата што Албанија треба да ги исполни.

Еден дипломат за „Ројтерс“ изјавил дека усвојувањето на овие заклучоци ќе зависи од Франција, за што лично треба да одлучи францускиот претседател, Емануел Макрон.

Во текстот се потенцира дека Холандија, како земја со големи резерви за проширување, повеќе е наклонета кон Северна Македонија отколку кон Албанија кога е во прашање датумот за пристапни преговори.

Иако се очекува одлуката да биде донесена во Луксембург на 15. октомври, не е исклучено прашањето да биде преместено на ниво на самитот на шефови на држави и влади, каде германската канцеларка Ангела Меркел и Емануел Макрон ќе се обидат да постигнат компромис.

albanijaeuodlukapristapni pregovoriseverna makedonija

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Горан Наумовски17/10/2026 - 08:05

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

Горан Наумовски17/10/2026 - 07:59

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он16/10/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски15/10/2026 - 08:0815/10/2026 - 08:58

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски14/10/2026 - 17:0014/10/2026 - 16:26

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео