Решенија за неопределено вработување за 18 наставници од Кавадарци

Од:

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денеска им ги врачи решенијата за вработување на неопределено време на 18 наставници од Кавадарци кои досега работеле на определено време.

– Станува збор за млади кадри за кои ова значи економска сигурност. Тие ќе можат да ги развиваат своите семејства и да раѓаат деца. Добронамерно апелирам до повозрасните наставници и професори кои исполнуваат услови за пензија да бидат солидарни и да не поднесуваат барања за продолжување на нивниот работен век, бидејќи многу кадри чекаат за вработување, а вработувањето е едно од најважните прашања во животот, рече Панов.

Атанас Шиков, советник за образование на Панов и овластен просветен инспектор, кажа дека последните 3,5 години од времено во неопределено вработување преминале околу 152 наставници во Кавадарци со што во четири училишта се целосно сменети наставниците.

– Настана една голема промена во структурата на училиштата. Среќен сум поради тоа затоа што младите се наставници со поголем ентузијазам, сакаат да се докажуваат и имаат подобри резултати, особено сега со реформите од типот на компјутер за секое дете, нагласи Шиков.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски