Ременски и врати на Русковска: Ве победив на суд, а писмото ви е за домашна употреба додека клеветнички го рушите угледот на државата

Од:

„Обвинителке …, јас ве победив на Суд, сакале вие тоа да го признаете или не!“. Ова и го порача експратеничката Фросина Ременски на Вилма Русковска, откако обвинителката порача дека не треба да ја напаѓаат бидејќи таа го водела случајот прови неа и други високи функционери. Ременски посети на претресите во нејзинот дом поради случајот „Меѓународен сојуз“ за кој од почетокот на судењата тврдеше дека е незаконски и сега побара од Русковска да ги тргне рацете од Кривичниот суд каде според неа се заканувала, Внатрешната контрола на МВР на каде гонела укажувач, Граѓанскиот суд каде се заканувала, Апелација каде секојдневно, според Ременски, биле упатувани суптилни закани.

„Како јавен обвинител самите го погазивте суверенитетот и независноста на државата и нејзините институции, а имате обврска да ги штитите! Од позиција која ја имате во моментот, знаејќи дека писмото е само за домашна „патриотска“ употреба и за кревање на вашиот одамна пропаднат рејтинг, се осмеливте без срам да повикате на меѓународен кривично-правен интервенционизам во кривични постапки за кои вие и Судот имате одговорност. Клеветнички го рушите угледот на државата, Владата и институциите преку свесна и безобразна генерализација дека сите се криминалци, а само вие сте светица и борец против криминалот. Ова е патологија обвинителке! Следниот пат кога ќе решите да го земете во уста моето име презиме, бидете спремни дека нема да ве персирам како во ова јавно обраќање. Бидете свесни и спремни дека, не можете на сила да замолчите правдољубив човек во битка која вие ја водите на погрешната страна“, и порача Ременски.

Ременски смета дека има право да и одговори на Русковска, бидејќи според неа, во обраќањето кон странските фактори се повикува на угледот и честа кои ги научила од нејзините родители, а нејзе неосновано ја обвинила и поставила како таргет за јавен отстрел.

„Тој мој ‘углед и авторитет вие го ставивте во обвинение’ и го поставивте како таргет за јавен отстрел, ругање, говор на омраза и насилство. Го внесовте во судница во која се срамев од вашиот дилетантизам со кој клеветевте без докази, преку протурање на невистини за создаваање на јавен впечаток и пропаганда за вина. Кога сме кај родителите обвинителке од кои сте учеле за чест и поштење … И јас научив многу од моите родители обвинителке. Татко ми не загина од бугарски куршум, не беше обвинител што ќе ја бутне ќерка му во обвинителство. Мојот татко беше угледен мајстор и чесен човек од најстарата градска фамилија во Крива Паланка. Почина на сред судскиот процес во кој вие ме втурнавте со вашата зланамера. Се бранев од вербалните куршуми со кои стрелавте секој ден на сите страни. Од татко ми научив многу, затоа што како шнајдер и стечаен работник со години се мачеше со неправдите и лоповлукот од приватизацијата кои со мајка ми ги остави на улица додека бев студент – студент на генерација. Да …, од таа приватизација и таа олигархија на која вие денес ѝ слугувате и ја третирате како зашитена сибирска мечка. Додека ние – децата на стечајците и работничката класа со мака се бориме против неправдите и криминалот на тие тридеценски заштитени мечки, вие обвинителке одбравте да им слугувате без грам срам! И да …, и јас нема да дозволам личности како тебе обвинителке да фрлаат клевета и дамка на мојата макотрпно градена универзитетска кариера која произведе 18 генерации студенти кои работат и во вашите истражни центри со кои раководите …, и за жал извршуваат незаконски наредби издадени од вас лично. Зар не ви е срам безобразно се криете зад тие млади луѓе кои имаат години работа пред себе и зборуваат во какво заробено (од вас) обвинителство работат?“, прашува Ременски.

Експратеничката тврди дека злонамерно била ставена како дел од обвинението за „Меѓународен сојуз“, за да се пофали дека гони високи функционери.

„Европските институции и амбасадите знаат дека обинителот и обвинителството е страна во секоја кривична постапка; дека, треба да се водат од начелото на правичност и законитост, презумцијата на невиност и да го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата во постапката, да ја заштити тајноста на предистрагата и истрагата, да не прејудицира вина додека надлежен Суд не ги утврди аргументите на двете страни, да не се служи со недозволени средства за изнуда на признание или лажен исказ, да не кокетира со медиумите во пласирање на полувистини заради пропаганда и да не влијае на институциите преку наметнување на перцепција и суд на вина, додека пред Суд не се докаже тоа. Сите ваши злоупотреби јас ги докажав на Суд обвинителке – Суд пред кој вие изгубивте со вашата импровизација и (зло)намера. Поднесував претставки и пријави и се што ми стоеше на располагање (според закон) да го докажам тоа што во мал дел на хартија го напиша како извештај Републичкото јавно обвинителство за вашето постапување во УФП. Но, има разлика обвинителке, затоа што тогаш под ваш притисок и закани не дозволивте да се утврди вашата злоупотреба на службената положба и доведувањето во заблуда на Судот со пласирање на невистини информации за претресот“, додава Ременски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска

Катерина Ѓуровски

Дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки

Ана Ололовска

Русковска за најавата за кривична од Рашковски: Од што да се плашам?

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Рашковски кривично ќе ја гони Русковска: Ќе докажеме како ја местела истрагата

Кристијан Ландов