Рашела М. изработува академски трудови за пари, министерката вели дека е лажен профил

Од:

Профил со личните податоци на професорката, која сега е министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, преку мрежата „Апворк“ нуди изработка на магистерски и докторски трудови, како и артикли, и тоа за пари. Најчести клиенти на вакви мрежи се токму студентите, кои со купување на десертациите, а претставувајќи ги како нивно авторско дело, го заокружуваат студирањето на факултетите. На мрежата се оставени и цени за изработка на проектите, па, така, за пишување блог-артикл се плаќа од 4.500 долари, за академско пишување и истражување цените почнуваат од 700 долари, а за ставката „пишување“ бара од 1.000 долари па нагоре. Министерката негира дека профилот е нејзин и вели дека ќе пријави кај надлежните органи, а од МВР, пак, велат дека во одделението за сајбер-криминал – пријава нема.

На мрежата е оставена и целата биографија на министерката Мизрахи, односно детали за нејзиниот образовен процес, работно искуство, истражувачко и лабараториско искуство. Притоа, наведено е и какви способности поседува министерката, кои јазици ги познава, но и дека е дел од асоцијацијата на македонските академици. На профилот е прибележано: „Отворено за понуди“.

Министерката Рашела Мизрахи за „А1он“ не ја оспорува биографијата оставена на профилот кој нуди изработка на академски трудови зад кои потоа се потпишуваат и студенти. Таа вели дека е јавно достапна. Но, министерката негира дека профилот отворен на мрежата е нејзин.

„Со оглед на тоа дека мојата лична биографија е јавно достапна, секој може да креира профил злоупотребувајќи го моето име. Јас зад тој профил не стојам и секоја понатамошна злоупотреба на моето име и на мојот интегритет ќе биде пријавена до надлежните органи“, вели Мизрахи.

Мизрахи не одговори на прашања од „А1он“ за тоа колку е морално создавањето лажна перцепција, односно да се продолжи праксата со пари да се добива диплома, но и дали за неа е спорна изработка на вакви трудови, кои студентите ги прикажуваат како свои.

Пребарувајќи во интернет-просторот, „А1он“ не успеа да дојде до друга интернет-страница каде што е оставена детаљно образожената биографија на министерката Мизрахи. Единствено е достапен нејзин мотивирачки говор, каде што говори за нејзиното работно искуство, како и објави од медиумите по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ таа да биде министерка.

Од профилот Рашела М. на мрежата „Апворк“ се забележува дека тој не е креиран изминатиов период. Во делот за работно искуство последно впишано е дека Мизрахи е консултант во Министерството за здравство од 2016 година до сега, но не и дека моментно е на функцијата технички министер за труд и социјална политика.

Министерството за внатрешни работи вели дека во одделението за сајбер-криминал нема пријава од министерката Мизрахи за злоупотреба на нејзините лични податоци со цел креирање профил на интернет-мрежите.

Би можело да ве интересира

Укинувањето на техничката влада да не е со инаетење, порача Гаши

Не сме скандинавска демократија, но не треба теничка влада за организирање избори, вели Гаши

Катерина Ѓуровски

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

НСДП: Без техничка влада нема фер избори

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче