Незрел маневер, реагира Владата на ултиматумот од Филипче

Од:

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска во врска со најавите на СДСМ дека ќе се повелечат од работната група за Изборниот законик ако се укине техничката влада истакна дека со ваквите најави лидерот на опозициската партија, Венко Филипче нема да успее да за скрие реалноста со која се соочува неговата партија и додаде дека сега се против нејзино укинување, иако во минатото биле согласни дека тоа треба да се направи.

-Ваквиот обид на Филипче и на СДСМ нема да ја сокрие реалноста дека тие се соочуваат со нивниот политички крај, а владејачката партија која што ја предводи Владата, ВМРО-ДПМНЕ, е таа која што ја гради иднината на државата. Навистина не можам да разберам како од една страна имаме изјави во кои што се вели дека имаат пораст на гласовите, тоа го кажува токму Венко вчера, а Венко денеска вели дека е против укинување на техничката влада, за која што во минатото беа согласни дека истата треба да се укине, рече Митева, одоварајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Митева додаде дека ова е само уште еден политички незрел маневар и смета дека постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните.

-Институциите мора да бидат демократски. Оваа Влада тоа го покажа дека имаме демократизација, дека навистина можеме и знаеме како да ги водиме институциите и треба да ги напуштиме моделите кои што биле во минатото, рече Митева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски