Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе се повлече од работната група за подготовка на Изборниот законик доколку власта продолжи со постапката за укинување на техничката, односно Пржинската влада.

Тој посочи дека предлог-законот за измена на Законот за Влада, со кој се укинува Пржинската влада, претставува „автократски манир на владеење“ и оцени дека ваквиот чекор директно го загрозува одржувањето на фер и демократски избори.

„Техничката влада не треба и не може да се укине. Таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори“, изјави Филипче, додавајќи дека во услови на, како што рече, целосна контрола на власта врз судството и притисоци врз обвинителството, не постојат услови за укинување на овој механизам.

Филипче обвини дека власта именува партиски послушници во правосудството и врши притисоци врз обвинителите, како и дека постои нетранспарентност во однос на користењето на податоците од системот „Сејф Сити“.

Според него, ваквиот начин на владеење потсетува на периодот од 2006 до 2016 година. Тој потсети дека законското решение за техничка влада било донесено пред изборите во 2016 година, а потоа, на барање на ВМРО-ДПМНЕ, повторно било активирано во 2018 година и важело и за изборите во 2020 година.

„Доколку законот помине на Комисија и продолжи собраниската процедура, нашата пратеничка група ќе се повлече од работната група за изборниот законик“, рече Филипче.

Тој упати повик до власта да го повлече законот, нагласувајќи дека укинувањето на Пржинската влада не смее да се случи и дека СДСМ нема да прифати, како што рече, „автократски манири“ во процесите поврзани со изборите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски