Радев и Блинкен зборувале за Македонија по телефон

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Бликен, по иницијатива на шефот на дипломатијата на САД.

За време на разговорот, биле дискутирани различни теми, вклучително и стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД, санкциите според Глобалниот акт „Магницки“ против бугарски поединци и компании, соработката во областа на безбедноста и одбраната, закрепнувањето од пандемијата на коронавирусот и евроинтеграциите на Република Северна Македонија и Албанија.

Државниот секретар на САД изрази надеж за забрзување на процесот на европска интеграција за Северна Македонија, при што двајцата соговорници истакнаа заеднички став дека ова е во интерес на стабилноста и безбедноста не само во регионот, туку и во Европа. За време на разговорот, Радев потсети на постојаната поддршка на Бугарија за членство на Република Северна Македонија и повика на постигнување одржливи и неповратни резултати во градењето добрососедски односи.

Претседателот на Бугарија Румен Радев ги дефинираше наметнатите санкции според глобалниот закон „Магницки“ како силен знак за поддршка на аспирацијата на бугарските граѓани за воспоставување демократија, правда и транспарентност. Од своја страна, Ентони Блинкен рече дека ова е придонес на САД во борбата против корупцијата, како и во зајакнувањето на демократијата и унапредувањето на потенцијалот на бугарската економија.

Радев го пофали билатералното партнерство во одбраната и повика на зголемена индустриска соработка во оваа област. Беше потенцирано долгорочното партнерство во модернизацијата на бугарската армија, вклучително и преку воведување модели на модерна воена обука. Блинкен, исто така, го истакна придонесот на Бугарија во стратегијата НАТО 2030 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Радев: Ако оваа недела е потребна за разговори, на почетокот на следната не можам да дадам мандат, ќе одиме по Нова година

А1он

Блинкен: САД воспоставија директен контакт со сириската фракција Хајат Тахрир ал-Шам

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Радев и честиташе на Шекеринска: Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана

А1он