Приведени Миленко Неделковски, Александар Пандов и Владимир Панчевски, пред полноќ биле во кафеана во Стајковци

Од:

Полицијата синоќа привела осумнаесет лица кои во кафеана во скопско Стајковци не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот. „А1он“ дознава дека меѓу приведените се новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митовски од „Инфомакс“.

„На 26.02.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.’6’ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица кои се приведени во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од ковид-19. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, извести МВР.

Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.

Акцијата била на иницијатива на Државниот пазарен инспекторат. Директорот Стојко Пауновски за „А1он“ рече дека досега имале неколку дојави дека во кафеаната во Стајковци се прават забави, но во моментот кога инспекторите се појавувале на лице место забавите биле завршени.

Инспекторите синоќа во Стајковци стигнале околу 22 часот, еден час по дозволеното работно време и ја затекнале кафеаната полна, спротивно на протоколите за заштита од Ковид – 19. Полицијата ги привела затекнатите лица, а потоа случајот го документирале инспекторите од Пазарниот инспекторат. Акцијата на полицијата и инспекторите од Државниот пазарен иснпекторат траела неколку часа.

Би можело да ве интересира

Нападнат полицаец на Водно

Изминатиот викенд полицијата напиша 1.711 казни

Турција: Голема акција на полицијата, уапсени се 65 дилери

Се запали полициско возило, двајца полицајци завршија на Токсикологија

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

За два дена полицајците напишаа 1.336 парични казни и 212 прекршоци