Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Од:

Долниот дом на францускиот парламент усвои закон со кој се воведува претпоставка дека полицајците и жандармерите постапуваат „во рамките на законот“ кога користат огнено оружје, освен ако не се докаже спротивното.

Законот беше усвоен со 313 гласа „за“ и 199 „против“, а гласањето се одржа откако министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез се повика на уставната одредба од член 44, став 2 од францускиот Устав, за да го заобиколи опструкцијата на усвојувањето на законот.

Според Нуњез, обвинителите ќе го задржат овластувањето да ја поништат претпоставката за легалност на употребата на оружје ако се утврди дека не се исполнети пропишаните околности.

За да стапи на сила предложениот закон, тој мора да биде одобрен од горниот дом на парламентот.

Левичарските опозициски пратеници во Долниот дом, исто така, се обидоа да го блокираат процесот на усвојување со поднесување стотици амандмани, и покрај фактот дека законот првично дојде од пратеникот на републиканците (LR) Ерик Поже, според France24. Левичарската опозиција најави дека доколку законот биде усвоен и тие дојдат на власт во 2027 година, тој ќе биде укинат.

Би можело да ве интересира

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

Татко на ученик осуден на шест месеци затвор: „Ќе ти ја отсечам главата“

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Захарова жестоко до Париз: „Баро е лажго“ – ја отфрли тезата дека Русија е слаба