Приведен триесет и едногодишник, признал дека извршил седум кражби

Од:

Полициски службеници вчера го лишиле од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш, соопшти полицијата.

„Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Со него бил извршен службен разговор, при што признал дека во реонот на брана „Мантово“, општина Конче, извршил шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, пријавени во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година“, велат од МВР.

Лицето е задржано во просториите на Полициската станица Радовиш, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното обвинителство Радовиш и против него се поднесени соодветни пријави по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он