Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

Од:

Полициски службеници во изминатото деноноќие лишиле од слобода две лица за семејно насилство, а регистрирале вкупно четири пријави во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од ОВР Крива Паланка вчера во 20:55 часот го лишиле од слобода И.С.(48) од Крива Паланка затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга, синот и снаата.

Исто така, полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода Т.Ј. од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 35-годишна сестра.

Во текот на вчерашниот ден во 15:10 часот во ОВР Прилеп, 21-годишник од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од неговиот брат Б.С..

Во СВР Тетово синоќа 30-годишна жена од Тетово пријавила дека С.К.(30) од Скопје, со кого претходно била во вонбрачна заедница, во текот на февруари и март 2026 година во повеќе наврати ја следел и ѝ испраќал пораки со навредлива содржина, а околу 23:15 часот бил забележан во близина на нејзиното работно место во Тетово.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, лишени од слобода и приведени 14 лица

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он