Приведен сопственик на тетовски ресторан во кој имало семејна веселба со 40 гости

Од:

Семејна веселба во угостителски објект, на која биле присутни 40 лица прекина вчера полицијата во Тетово, а сопственикот на локалот е приведен.

Како што соопшти МВР вчера во 18:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово била извршена контрола во угостителски објект во Тетово, каде било утврдено дека во објектот имало организирано семејна веселба и имало присутни околу 40 лица.

Лишен од слобода е И.Б.(38) од Тетово, управител на објектот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ на РСМ. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари