Приватните превозници ја прекинаа блокадата на Илинденска, чекаат средба со премиерот

Од:

Приватните превозници ќе ги повлечат автобусите од пред Град Скопје за да го исполнат условот кој го постави премиерот Димитар Ковачевски за средба. Од двете здруженија на приватните преовзници информираа дека ќе ги прекинат блокадите затоа што Ковачевски рече дека ќе се сретне со нив ако го ослободат сообраќајот во главниот град.

– Ќе го испочитуваме барањето на премиерот и ќе ги повлечеме автобусите од блокадата. Ова го правиме во договор со сите превозници со цел да му дадеме шанса на дијалогот. Се согласуваме на средба кај премиерот на која ќе има и претставници од Градот Скопје и од ЈСП и да ги соочиме аргументите. Вистината е на наша страна. Очекуваме да бидеме повикани рече на прес конференција Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

Приватните автобуски превозници го блокираат булеварот „Илинден“ и речиси целата околина на бараките на Град Скопје поради долгот кој го има кон нив Градот и ЈСП.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски