Притвор за скопјанецот во чиј дом беше пронајден арсенал оружје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно 47-годишниот скопјанец во чиј дом во наслебата Чаир полицијата вчера пронајде поголемо количество оружје. Одреден му е притвор од 30 дена.

„Осомничениот на 27 март 2021 година, во својот дом во Скопје, неовластено држел огнено оружје и муниција кои им се забранети на граѓаните. При извршен претрес, службените лица пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет со дрвен кундак, една ловна пушка пумпарица марка „FABARM”, една рамка со 30 куршуми и осум ловни патрони калибар 12 мм“ – се вели во известувањто од Основното јавно обвинителство.

Од таму велат дека во насока на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднел предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определен притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар

Тешко повреден штипјанец донесен во Клинички, тврди дека го тепал болничар во установа во гевгелиско

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во селото Пирава, пронајдено тело