Притвор за лице осомничено за неовластена продажба на дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„На 06 февруари, при претрес во домот во кој привремено престојувал осомничениот, било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во метална кутија со нето маса од 4,55 грама и наркотична дрога – хашиш со волумен од 8 милилитри во пластичен шприц. Истовремено биле пронајдени и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана.

Против осомничениот Основното јавно обвинителство – Скопје води и друга кривична постапка во рамките на која тој е веќе обвинет дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Во рамките на таа постапка од страна на надлежниот суд му беа определени мерки на претпазливост, велат од обивнителството. Оттаму велат дека имајќи го особено предвид ваквиот факт, односно можноста осомничениот да го повтори делото, како и опасноста тој да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски