А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за дилерот од Битола фатен со десет грама кокаин

by А1он08/06/2021 - 19:04633
Share0

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против битолчанец за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик и поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.

Добивај вести на вибер

Наредбата за спроведување на истражна постапка е донесена заради постоење на основано сомнение дека осомничениот на 07.06.2021 година во неговиот дом во Битола, неовластено заради продажба држел 11 полиетиленски опаковки и 1 стаклен сад со наркотична дрога – кокаин, во вкупна количина од 9,77 грама. Тој претходно ја набавил дрогата од Скопје, за подоцна да ја препакува и нуди на продажба на наркозависници во Битола. Дрогата е пронајдена при претрес од полициски службеници од СВР Битола.

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Битола достави Предлог на осомничениот да му биде определена мерка притвор бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, би можел да влијае на сведоците, како и доколку остане на слобода да го повтори делото. Судијата на претходна постапка донесе Решение со кое определи притвор, во траење до 30 дена за осомничениот по предложените основи.​

bitoladrogakokainobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:26

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он14/02/2026 - 12:5014/02/2026 - 14:13

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

Запленети се неколку тони кокаин

Горан Наумовски12/02/2026 - 07:3612/02/2026 - 07:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен