Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во официјална посета на Северна Македонија

Од:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска и утре престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, по пристигнувањето на Ѓукановиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе организира официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести пред „Вила Водно“, по што е закажана и тет-а-тет средба на двајцата претседатели.

Според програмата, следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Црна Гора, а потоа и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.

Предвидена е и церемонија на полагање венец од страна на црногорскиот претседател на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Во рамките на посетата, Ѓукановиќ треба да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Полицијата откри дека Шабуњин прво го уби инструкторот, а потоа и двајцата помошници

Горан Наумовски

Се самоуби рускиот државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора